ИНФО

Општина Илинден ќе дели субвенции за инвертер клими и соларни панели

Општина Илинден ќе дeли парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели за лица со постојано место на живеење во општината.

Според проектот предвидено е општината да доделува финансиска помош до 50% од сумата за купена инвертер климата или соларен панел односно до максимум 10.000 денари по производ.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпување на буџетот за таа намена.

„Целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината“, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на општината.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...