ИНФО

Низ Центар избегнувајте ја улица Даме Груев, во дел е затворена и раскопана

Град Скопје вчера почна да ја раскопува улицата Даме Груев во центарот на градот. Повторно без најава за граѓаните, Градот почна со градежни активности овој пат на потегот од ТЦ „Палома Бјанка“ до улица Македонија.

Не терен се поставени знаци дека градежните работи ги изведува ЈП „Улици и патишта“ и дел од улицата е заграден. Вчера со багери се раскопуваше асфлатот, а работниците на терен ни рекоа дека во наредниот период ќе се реконструира овој потег.

Пред една недела Градот ги раскопа и тротоарите долж улицата.

Улицата Даме Груев е крш, со дупки и прокопи на сите страни. Ексградоначалникот Петре Шилегов во својот мандат најавуваше дека улицата Даме Груев ќе ја проширува во булевар како што се предвидува со Генаралниот урбанистички план, за да може „Рекорд“ да го затвори за возила. Граѓаните бараа Град Скопје да се откаже од оваа идеја, затоа што голем дел од зеленилото на улицата треба да сече. По, ова од Градот рекоа дека направиле сообраќајна студија за ценатрот на Скопје и дека улицата ќе остане само со две ленти.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...