ИНФО

Во социјалната зграда во Бутел ќе бидат сместени 312 семејства од ранливи категории

Градежните работи во социјалната зграда во Општина Бутел се речиси при крај. Зградата има два влеза, со приземје и 13 катови. Секој кат ќе има по 24 станови, а предвиден е и простор за инвалиди. Вредноста на зградата е десет милиони евра. Во оваа зграда ќе бидат сместени 312 социјално загрозени семејства.

„Не садиме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градиме шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за милиони евра, туку со истите средства – социјална зграда со 312 станови за социјално ранливи категории граѓани. Вложуваме во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме“, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Денеска премиерот Димитар Коваќевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев направија увид во градежните активности.

Министерот Бочварски потенцираше дека преку ваквите проекти се враќа достоинството на ранливите категории на граѓани и овозможуваат пристоен живот и стабилно домување.

„Оваа зграда не е само капитален објект, таа е иден дом за 312 семејства. Вложивме околу 9,8 милиони евра за нејзина изградба за да помогнеме на деца без родители, на корисници на постојана парична помош, на самохрани родители, лица со попреченост. Сите тие имаат подеднакво право да се чувствуваат заштитени од државата. И драго ми што придонесуваме за подобар живот на граѓаните и веќе резултати се видливи насекаде низ државата“, додава тој.

Според директорот на Акционерското друштво, Ѓоргијев транспарентноста помеѓу институциите овозможила во краток период да бидат објавени повици за распределба на социјални станови во повеќе општини на ниво на цела држава. Станбената зграда е со вкупна површина од речиси 13.300 метри квадратни, досега најголема во државата.

По заокружувањето на градежните работи, што се очекува да се случи за неколку месеци, ќе биде распишан оглас за доделување на становите во социјалната зграда во општината Бутел.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...