Традицијата е составен дел од културата и од историјата на секој народ. Водени од идејата дека без традиција нема вредности, а без минато нема иднина, Халк банка, Скопје го започна проектот „Трајни културни вредности“.
Во рамките на ова банката се осврнува на богатото културно наследство на Македонија. Црпејќи од овој непресушен извор, преку традицијата, културата и уметноста, таа создаде корпоративен брендинг со мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски.
„Преку нашите „Трајни култури вредности“ сакаме да потсетиме и да придонесеме во промоцијата на нашето културно наследство. Македонската култура и традиција се непресушен извор на инспирација. Тие се дел од нашето секојдневие. Ги искористивме за да создадеме современи визуелни решенија и преку нив да потсетиме какви богатства создавал нашиот народ“, вели Маја Наумовска-Савеска од Халк банка.
Во рамките на проектот создадени се многу креативи, модерни графички дизајни инспирирани од специфични делови од нашето севкупно од културното наследство, видеа и пораки за негово зачувување, промоција и афирмација.
Leave a comment