Во Друштвото на писателите на Македонија денеска со почеток од 11 часот ќе се одржи настан „Во име на новото“, чија цел е да се промовира новото творештво на неколку македонски автори – членови на ДПМ.
Како што најавуваат од ДПМ, ќе бидат претставени авторите Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски, а настанот ќе го води младиот македонист Пепи Стамков.
Leave a comment