АКТУЕЛНО

ПРОДОЛЖЕНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА:Парно ќе има до 30 април

Скопјани ќе имаат парно греење до крајот на месецов. Од АД ЕСМ – Енергетика информираат дека иако грејната сезона е до 15 април, испораката на топлинска енергија е продолжена поради временските услови.

„Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, грејната сезона може да биде продолжена, но најмногу до 30 април“, информираат од ЕСМ.

Во следниов период, ЕСМ – Енергетика ќе изврши порамнување на сметките што потрошувачите ќе ги добијат за мај, јуни и за јули, согласно со количината испорачана топлинска енергија во текот на грејната сезона, односно ќе се изврши порамнување меѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија. Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и, секако, од количината испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови.

0

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...