АКТУЕЛНО

ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА БИТ ПАЗАР СМРДИ НА ИЗМЕТ

Пешачкиот мост на Бит пазар е затрупан во ѓубре, пластика, стакло и измет. Низ целиот мост се шири неподнослива реа која е потенцијален извор на зарази. Луѓето за да го минат булеварот го користат пешачкиот премин на сообраќајницата бидејќи за мостот никој не се грижи. Поради ужасната состојба во која е оставен од надлежните општински и градски власти, ретко кој се осмелува да го помине.

Пешачкиот мост беше изграден токму заради безбедност на граѓаните. Граѓаните што живеат во овој дел на Скопје се жалат дека понекогаш се случува да не можат да ја преминат улицата поради големиот број возила, двете градски и приградски автобуски станици, како и заради големата раздвиженост на луѓето. Тие велат дека Бит пазар е место каде што во текот на денот поминуваат луѓе од сите делови на градот и каде што автобуските линии се вкрстуваат, па затоа и метежот е преголем.

„Јас, како постар човек поотежнато го поминувам булеварот, што од дивите продавачи, што од импровизираните тезги. А за сообраќајот да не разговараме ,толку е густ што ми треба многу време за да поминам“, вели З.Ј.

Решение за пешачкиот мост нема бидејќи Град Скопје и Општина Чаир постојано си ја префрлаат одговорноста од еден на друг.

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...