ИНФО

Обновена вертикалната сигнализација на булеварите низ Скопје

ЈП „Улици и патишта“ постави околу 80 нови сообраќајни на булеварите низ градот.  Обновена е сигнализацијата на булеварите Србија, Никола Карев, Партизански одреди, Видое Смилевски Бато, Метрополит Теодосиј Гологанов, Илинден, како и на улиците Козле, Сарај, Ќемал Сејфула, Втора Македонска Бригада, Бутелска, Манапо, Никола Парапунов, Бледски договор, Беласица, Московска и Ѓорче Петров.

Поставени се и 10 нови табли за насочување на сообраќај на булеварите Теодосиј Гологанов и Александар Македонски и 62 рефлектирачки столбови за одвојување на велопатеките.

Од претпријатието велат дека екипите продолжуваат со секојдневната обиколка и контрола на вертикалната сигнализација на главните сообраќајници во градот и во текот на наредните денови продолжува замената на оштетените знаци и по налог на Град Скопје ќе се поставуваат нови сообраќајни знаци на местата каде што има потреба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...