СЦЕНА

НОВА КНИГА НА ВЛАДА УРОШЕВИЌ: Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт

Најновата книга од академик Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ во издание на „Или-Или“ вечер со почеток од 20 часот ќе биде промовирана во кино „Фросина“ во МКЦ.

Промотор ќе биде Гоце Смилевски, кој во поговорот на книгата напиша:

„Расказите од книгата „Вонземјанки“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во Париз ја наоѓа и логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно – каде што важи една поинаква логика, логика на невозможното. Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составенa од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултиплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза“.

Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е автор на повеќе книги поезија и збирки раскази. Тој е романсиер, есеист, патописец. Првпат навлегол во тајните на Париз во текот на студиската 1967/68 година, за потоа повеќепати да престојува во овој град. Ги препеал на македонски јазик поетските книги на Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо. Составил повеќе антологии, помеѓу кои и „Големата авантура – францускиот надреализам“. Своите доживувања на Париз ги опишал во книгите „Алдебаран“ и „Париски приказни“. Во овој град е избран за член на поетската академија „Маларме“, а таму, годинава, се случи (во исто време кога и во Скопје) неговото именување за добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Изданието на „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ е поддржано од Министерството за култура.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...