ИНФО

„Лајка“ со акција за заловување улични кучиња во општина Гази Баба

Тимот на ЈП „Лајка“ започна со заловување на кучињата во општина Гази Баба.

Тие минатата недела заловуваа во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

Оваа недела тимот ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...