СЦЕНА

Изложба „Панта реи“ на Наташа Гелева

Самостојната изложба „Панта реи (Panta rei)“ на Наташа Гелева вечерва ќе биде отворена во КСП Центар-Јадро.
Изложбата се состои од избор од 25 фотографии од истоимениот циклус и претставува еден вид омаж на Скопје.
-Оваа целина е и начин да се искористи природата на фотографскиот медиум, посебно урбаната фотографија за да се направи обид за зачувување на сеќавањата, наспроти хаотичниот тек на промените. Тие се документ којшто ни доловува само еден миг во сеопштиот тек на незапирливата промена, смета Владимир Јанчевски.
Наташа Гелева (1978) се занимава со фотографија од 1999 година. Учествувала на повеќе изложби, а последните неколку години има самостојни изложби „Излишно“ (ЦК „Григор Прличев“ – Охрид, 2022) и „Бев таму“ (Комитет, Скопје, 2021). Значајно е нејзиното учество на изложбата „Екстатични тела“ (Skopje Pride Weekend, МСУ-Скопје, 2022).

Освен со фотографија, Гелева се занимава и со видео и заедно со режисерот Јане Алтипармаков соработуваат на неколку проекти, меѓу кои документарниот видео-арт „И фабриките имаат душа“ направен под координација на продуцентот на филмовите на Стенли Кјубрик, Јан Харлан и на неколку музички спотови. Член е и на Иницијатива за Независен Културен Активизам (ИНКА), организатор на ДРИМON.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...