КУЛТУРА

Во КИЦ: Изложба на слики „Портрет на публиката” од Дафина Шекутковска

Вечерва во Културно – информативниот центар (КИЦ) ќе биде отворена изложба на слики од Дафина Шекутковска. На изложбата насловена како „Портрет на публиката“ ќе биде изведен и перформансот „Луѓе од бетон“ заедно со организацијата КУЛТУРНО ЕХО, каде членува и авторката на изложбата.

„Перформансот “Луѓе од бетон” има за цел да ве поттикне да размислувате и да земете учество во новиот Генерален Урбанистички План за Скопје 2023-2033, кој е од непроценлива важност за сите нас. Ако не се зголеми партиципативноста на граѓаните, новиот ГУП ќе биде дизајниран само од нечии желби за профит, а последиците ќе ги чувствуваме сите.  За пример, во новиот детален урбанистички план за Тавталиџе, се оставени само 16% за зеленило, а зграда никнува дури и на местото на објектот ,,Домче” кој е во процедура да стане културно наследство. А во новиот детелен урбанистички план за Лисиче има затворање на постоечки улици, како и нови улици кои минуваат низ домови“,  изјавија од Културно ехо.

Овој настан е најава на новиот подкаст што го организираат заедно со КСЦП Јадро „Скопје (ќе) се гради?Што со новиот генерален урбанистички план 2023-2033?“  со кој сакаат да презентираат што носи новиот ГУП и да го зголемат учеството на граѓаните.

Ова и е петта изложба на авторката, која вели дека и понатаму ќе се залага за Скопје заедно со членовите на Културно ехо. Со претходната изложба поставена лани „Јазик + Информациска контрола“ го критикува негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

„Во моментот работиме на проект Истражување на постоечките закони за градба и урбанизам заедно со група архитекти и експерт за урбанизам“ – ни кажа Дафина Шекутковска, активист за градот Скопје.

Како еден од успесите претходно го издвои укинувањето на концесијата на спортската сала „Партизан“, по што салата се реставрира и набргу ќе биде пуштена за употреба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...