МАГАЗИН

5 едноставни навики во служба на убавината

Иако денешната убавина се повеќе се врти околу шминката, новите колекции и пластичните операции, ботоксот или филерите, ништо не може да ја победи природната убавина, а ние сепак можеме да и помогнеме.

Еве неколку навики кои се најдобри слуги на добриот изглед. Обидете се да се држите до нив и ќе се изненадите од одразот во огледалото.

Повеќе сон

Англискиот термин beauty sleep не се користи без врска. Спиењето го одмора телото, ја релаксира напнатата кожа, која се обновува за време на спиењето. Ако не спиете добро неколку ноќи по ред, тоа веднаш ќе ви се види на лицето. Значи, спијте осум часа или што колку и да ви треба.

Релаксација

Стресот е тивок криминалец кој благо, но успешно ја нарушува состојбата на организмот и изгледот на телото и лицето. Затоа смислете свои методи за релаксација како што се капење, масажа, друштво со пријатни луѓе и искористете ги вашите неколку минути во денот бидејќи ќе се чувствувате подобро и секако ќе изгледате поубаво.

Диета

За почеток, важно е да не го прескокнувате појадокот, а со тоа и да го ставите метаболизмот во работен ритам. Изберете лесни намирници, на пример, оние кои би ги јаделе во моменти кога се чувствувате лошо, нешто како супи, јадења со ориз, зеленчук, овошје и јогурт. Избегнувајте мрсна и слатка храна, иако не е забрането да се почестите со нешто слатко и така да се расположите. Не заборавајте да пиете многу вода!

Вежбање

Најдете ја вашата идеална вежба, нешто што ве интересира и ве прави среќни. Со вежбање, телото лачи повеќе ендорфин и се чувствувате подобро. Преку потта ги исфрлате лошите материи од телото, а во исто време сте поцврсти, посилни и изгледате подобро.

Уживај во животот

Обидете се да го отстраните зборот мора од речникот и да вклучите: сакам и уживам.

Правите го она што го сакате најчесто или ако не можете да си го дозволите, искористете го најдоброто од моменталната ситуација. Танцувајте, дружете се и смејте се што повеќе!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...