Улицата Даме Груев во центарот на градот е крш. Потогот од ТЦ „Палома Бјанка“ до улица Македонија е со дупки и прокопи на секој метар. Долж улицата секојдневно се паркираат коли од двете страни, а на самата улица се наоѓа зонски паркинг на ЈП „Градски паркинг“ и катната гаража „Беко“. Возилата никој не ги казнува иако тука е полициската станица „Беко“ и полицајците од своите канцеларии ги гледаат непрописно паркираните возила.
Лошата состојба во која се наоѓа улицата ја надополнува градилиштето на поранешниот хотел ТЦЦ „Плаза“, кое веќе трета година е заградено со тараби. Тие зафаќаат и дел од улицата, а кога дува ветер лимот лета на сите страни. На градилиштето периодично доаѓаат работници и механизација, па на улицата стојат и градежни матријали, песок и даски.
Ексградоначалникот Петре Шилегов во својот мандат најавуваше дека улицата Даме Груев ќе ја проширува во булевар како што се предвидува со Генаралниот урбанистички план, за да може „Рекорд“ да го затвори за возила. Граѓаните бараа Град Скопје да се откаже од оваа идеја, затоа што голем дел од зеленилото на улицата треба да сече. По, ова од Градот рекоа дека направиле сообраќајна студија за ценатрот на Скопје и дека улицата ќе остане само со две ленти.
Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска не се споделуваат информација каква е најзината визија за сообраќајот во центарот на градот. Лани само беше реконструиран потегот зад Собранието, а делот кој е во најлоша состојба не беше чепнат. Деновиве на улицата се корнат тротоарите, но дали тоа предвидува и реконструкција на улицата никој не кажува. Ниту од Град Скопје ниту од ЈП „Улици и патишта“ кои работат на тротоарите, не информирале што се предвидува на овој потег.
Leave a comment