Во вторник бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата, во чест на Светскиот ден на културното наследство.
Во Скопје во Даут пашин амам може да се види Постојаната поставка од 14-21. век, во Чифте амам, Поставка на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, која беше национален претставник на ланското Венециско биенале на уметноста.
Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, во тек е меѓународното 14.Биенале на млади уметници „Будења“, каде се изложени дела од 38 млади уметници.
Во Музејот на македонската борба отворена е изложбата за 30 години членство во Обединетите нации на Државниот архив на Македонија и Министерството за надворешни работи.
Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата за одбележувањето на 150 години Македонски железници.
Leave a comment