АКТУЕЛНО

НИЗ АВТОБУСИТЕ ХАРААТ 60 КОНТРОЛОРИ ДНЕВНО: ЈСП казнува патници иако тие од гужвите не можат да го поништат билетот

Гужвите на сите автобуски линии во утринските и попладневни часови, предизвикува нервоза и нелагодност кај корисниците на јавниот превоз. Бидејќи патниците се залепени еден до друг како сардини, не можат да стигнат до апаратите за поништување на билетите или евидентирање на картичките. Но, тоа не ги засега контролорите од јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП Скопје), па граѓаните и покрај објаснувањата си добиваат казни како да се шверцуваат.

Според последните податоци од ЈСП, во месец февруари се направени 1.0251 контрола или дневно по 366. Казнети се вкупно 1.007 лица, за кои е поднесен записник, на 69 лица им се одземени електронските картички, а наплатени се 521 доплатен билет. На терен, велат надлежните, дневно се 50 – 60 контролори, кои вршат проверка на билет на сите линии (градски и приградски) поделени во пет зони.

„Сите казни се издадени поради непоседување билет за користење јавен превоз. Казниите/записниците се издаваат единствено по тој основ, непоседување билет или непоседување уредно валидиран билет за користење на јавен превоз“, велат од јавното претпријатие.

Скопје остана без редовен јавен превоз и автобус граѓаните чекаат по еден час откако градоначалничката Данела Арсовска престана да им плаќа на приватните превозници, по што тие престанаа да возат. Приватните превозници во јавниот превоз беа вклучени со 200 автобуси. ЈСП Скопје нема капацитет односно автобуси да ги покрие линиите кои ги одржуваа приватниците и затоа јавниот превоз во Скопје петти месец е колабиран.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...