МАГАЗИН

Гугл Мапс подготвува надградба на апликацијата за полесно движење

„Гугл“ подготвува надградба на својата апликација „Мапс“, што ќе вклучува подобрени податоци, со цел полесно движење и помош за ориентација во просторот.

Во иднина, „Гугл мапс“ ќе означува цели патеки од почеток до крај, наместо само да прикажува „иглички“ за локација. Новитетите за помош ќе вклучуваат слики и видеа од позначајните знаменитости, како и фотографии направени од други посетители. Корисниците ќе се информираат и за тежината на патеката, како и тоа – дали е посоодветна за пешачење, трчање или возење велосипед.

Ќе има и можност за оставање на  коментари од други луѓе кои веќе ги посетиле парковите и патеките. Корисниците ќе се информираат и за тежината на патеката, како и тоа – дали е посоодветна за пешачење, трчање или возење велосипед, каде е најблискиот јавен тоалет и слично.

Најпрво, новата програма на „Мапс“ за преземање ќе биде достапна во САД. Ќе важи за националните паркови во САД, но сe планира и проширување ширум светот.

Оние кои сакаат виртуелно да го истражуваат кој било национален парк, тоа може да го прават и преку „Гугл стрит вју“ опцијата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...

МАГАЗИН

„Анатомија на неверството“ вечер во театар „Комедија“

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра...