ИНФО

Училишните библиотеки во Ѓорче Петров добија по 100 нови наслови

Секоја училишна библиотека во општина Ѓорче Петров ќе добие по 100 нови наслови од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Општина Ѓорче Петров заедно со издавачката куќа „Арс Ламина“ се вклучија во кампањата “Читањето е супермоќ”, чија цел е развој на читачката култура и негување на македонскиот литературен јазик. Во Центарот за култура во Ѓорче Петров пред ученици и наставници беа презентирани новите книги кои ќе можат да се земат од библиотеките низ општината.

Од Општината велат дека годинава освен збогатување на библиотеките со нови наслови, планирани се литературни средби со автори со цел да се пренесе љубовта кон книгите кај учениците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со услови за краткотраен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд....