АКТУЕЛНО

ЗА ВЕЛИГДЕНСКАТА ЛИТУРГИЈА: Во Скопје од Ерусалим стигна Благодатниот оган

Во Скопје синоќа од Ерусалим стигна Благодатниот оган. Благодатниот оган владина и црковна делегација со авион го донесоа од Ерусалим, а од скопскиот аеродорм го презема поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и беше однесен во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде тој богослужеше со велигденската литургија.

Оганот беше раширен низ православните храмови каде се одржаа литургии, по што на полноќ со биење на камбаните се објави Воскресението Христово.

Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнувањето на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет.

Оваа година, за прв пат, државна и црковна делегација, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегација на друга држава.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...