ГАСТРО

САБОТА: ПРЕДЛОГ ПОСНО МЕНИ

Појадок: Крем чорба од целер

Потребни состојки:

  • 1 големо парче целер
  • 2 моркови
  • 1 компир
  • 1 мал кромид
  • Сол и бибер (куркума, нане, рузмарин – по избор)

Подготовка: Зеленчукот убаво измијте го, исечкајте го на парчиња и варете го во вода додека целосно да омекне. Ставете го во блендер и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Повторно ставете ја смесата во садот, додајте зачини по желба, додајте вода за да ја добиете саканата густина и оставете ја супата добро да зоврие. Украсете со свеж магдонос и послужете со мали парчиња тост леб (погрижете се и лебот да биде без масло).

Ручек: Вариво од млад компир

Потребни состојки:

  • 1/2 кг нов компир
  • 2 големи моркови
  • 0,5 кг грашок
  • половина кромид
  • малку вегета, магдонос, бибер и црвен пипер

Подготовка: На масло пропржете го кромидот, па додајте ги исечканите компири, исечканите моркови и покријте го со вода. Додадете го зеленчукот и оставете да се свари. Во последните 5 минути додадете го грашокот или колку што пишува на кесичката.Кон на крајот додајте ја црвената пиперка и магдоносот и готово Послужете со салата.

Вечера: Посна паштета од ореви

Потребни состојки:

  • 200 гр мелени ореви
  • зачини за зеленчук
  • сол
  • бибер
  • лук
  • сенф
  • вода

Подготовка: Сварете ги оревите, зачинот од зеленчук и солта со малку топла вода за да добиете густа паста, додадете бибер, лук, малку сенф и сето добро измешајте со мешање. Паштетата најдобро одговара со домашни лепчиња или двопек.

ДЕСЕРТ: Посен колач

Потребни состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 200 гр шеќер
  • половина кесичка цимет
  • лажица какао
  • 2 лажици џем
  • 400 мл вода

Подготовка: Растворете го шеќерот во водата, а потоа додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Калапот обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и печете на 200°C 20 минути. Украсете со шеќер во прав.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш...

ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и...

ГАСТРО

Освежителна салата со лубеница

Новиот летен хит – салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење...