АКТУЕЛНО

ПОРАДИ ВЕЛИГДЕНСКАТА ЛИТУРГИЈА: Улиците околу Соборниот храм од 18 часот ќе бидат затворени

Денес  по повод празникот Велигден на дел од улиците во центарот на градот, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи денес од 18 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: булевар Партизански одреди од раскрсницата со улица Френклин Рузвелт до раскрсницата со булевар ВМРО и булевар Св.Климент Охридски од раскрсницата со булевар Илинден“ до раскрсницата со улица Димитрие Чуповски.

Автобусите на ЈСП коишто поминуваат преку мостот Гоце Делчев ќе се движат по булевар Илинден и преку улицата Рузвелтова и ќе се приклучуваат на булевар Партизански одреди, додека автобусите кои поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, потоа по улицата Рузвелтова и ќе се приклучуваат на булеварот Партизански одреди. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока.

Исто така, како што се вели во соопштението на Министерството, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори улицата  Македонска војска пред црквата „Свети Петар и Павле“. Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...