АКТУЕЛНО

ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ ФИРМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ: Градските часовници не покажуваат точно време

Градските часовници одамна не го покажуваат точното време. Од кога се поставени во 2002 година, па сè досега подолго време не биле во функција, отколку што работеле.

Во моментов во Скопје се поставени 16 градски часовници кои воопшто не работат. Години наназад за нивното одржување Град Скопје избира приватна фирма. Во моментов фирма Градот нема избрано.

Последниот договор со фирма која покрај јавното осветлување треба да ги одржува и градскиte часовници, Град Скопје го склучил пред две години односно на 28 јануари 2021 година. Договорот е со фирмата „Електроизградба“ која за еден милион евра треба да се грижи за уличното осветлување и часовниците низ градот. Оваа фирма треба да ги одржува часовниците и светлото 25 месеци односно договорот истекол на 28 февруари годинава.  На страната на Бирото за јавни набавки нов договор за одржување на осветлувањето на улиците и часовниците нема, ниту пак има активен оглас.

Од Град Скопје не добивме одговор на нашите прашања дали има избрано нова фирма за одржување на градските часовници со оглед на тоа дека таков договор нема на страната на Бирото за јавни набавки каде се објавуваат сите договори. Маја Рисова-Мутлулар која е назначена од градоначалничката Данела Арсовска за односи со јавност и комуникација со медиумите, не одговараше на нашите телефонски повици.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...