ПРИКАЗНИ

8 ГОДИНИ РЕТВИТНИ ОБРОК: Зготвени 125.000 оброци за скопските бездомници

Над 125.000 оброци се зготвени за социјално загрозени лица од волонтерите на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“. Тие деновиве го прославија нивниот осми роденден велејќи дека се горди што над 4.500 волонтери изминативе години помогнале да се подготви и послужи оброк на бездомни лица и социјално загрозени семејства.

Секоја сабота во центарот на градот, зад спомен куќата на Мајка Тереза, делат по 300 оброци за овие лица кои се подготвуваат еден ден претходно.

„Сè што имаме е од донации. Донираат граѓани, фирми, училишта, цркви, ресторани. Најчесто фукционираме со групи на волонтери, кои се пријавуваат за готвење и самите ги обезбедуваат потребните намирници. Потоа договараме термин и сите готвиме заедно. Секако има и луѓе  кои донираат редовно и вон тие заеднички готвења“, вели Кристијан, член на „Ретвитни оброк“.

Од „Ретвитни оброк“ велат дека нивната цел е да се покрене свеста кај граѓаните секогаш кога ќе имаат вишок храна во домот или во ресторан, да ја земат и да ја споделат со некој на кого навистина му е потребно.

„Тоа што досега 4.500 лица се вклучиле на некој начин во оваа иницијатива покажува дека нашиот народ сака да помогне, само треба да се отворат можности и да се дадат конкретни насоки“, велат од „Ретвитни оброк“

Просториите каде што се подготвува храната дозволуваат 10-12 луѓе да готват. Во нив нема услови да се постават маси и столици и таму да се  послужува храната. Христијан вели дека токму тоа е желба и нова цел на тимот, да можат лицата за кои готват да саднат на маса и заедно сите да ручаат.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...

ПРИКАЗНИ

КУПУВАЈТЕ САМО ОД ВИСТИНСКИ ПЧЕЛАРИ: Продажбата на фалсификуван мед се поголема

Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број...