АКТУЕЛНО

150 АНКЕТНИ ЛИСТОВИ ПРОТИВ ДУП-ОТ ЗА ЛИСИЧЕ: Граѓаните не сакаат 9 висококатници

Сто и педесет анкетни листови поднеле жителите на населбата Лисиче за новиот Детален урбанистички план. Јавната анкета беше до вчера, а сега Општината Аеродром треба да ги разгледува анкетните листови и да одлучи што од барањата на граѓаните ќе имплементира во ДУП-от.

Според предлог ДУП-от во населбата која сега е само со куќи, се предвидуваат девет згради. Четири од нив се на булеварот Србија од кои три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катница со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради има на улицата 12.Македонска бригада, каде сега се куќи и со новиот план на сопствениците им се дозволува да кренат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

„На крајно подмолен и нетранспарентен начин се обидува да се протне овој предлог план, катастрофален за населба Лисиче. Се предвидуваат згради, затворање постоечки улици, трасирање нови улици кои поминуваат низ нашите домови, уништување на нашето спокојно живеење. Населбата Лисиче е најзагадена во Скопје, а сега цртаат маркички за да се крене бетонски ѕид околу нас. Нема да дозволиме да се изгласа планот“, велат жителите.

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...