АКТУЕЛНО

ПРАТЕТЕ ПОРАКА НА ЗОНСКО: Паркинзите на Град Скопје не се бесплатни на верски празници

На зонските паркинзи со кои стопанисува ЈП “Градски паркинг“ денес и утре ќе се наплатува за паркирање. Како што информираат од претпријатието денеска на зоните А, Б и Ц, ќе се наплатува како во работен ден бидејќи е верски, а не државен празник односно 7 до 21 часот , а зона Д од 7 до 23 часот. Во сабота во зоните А, Б и Ц ќе се наплатува до 14 часот, а во Ц до 23 часот. Бесплатно паркирање на зонските паркиралишта ќе има во недела и понеделник.

Затворените паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“, денес ќе бидат слободни за паркирањена, додека Кочо Рацин, Градска Болница, Клинички центар „Мајка Тереза“ , „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Во сабота паркиралишта Народен фронт, АМСМ и Дом на печат, ќе бидат слободни за паркирање. а Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 7 до 14 часот, додека пак, „8 Септември“, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Во недела и понеделник паркиралиштата Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“ , „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Паркинг цел празничен продолжен викенд ќе се наплатува на паркингот на Средно Водно.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Парк на Франкофонија добива паметно осветлување

Од Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилките кои се...

АКТУЕЛНО

Од денес секој четврток „И јас сум на Водно“

Почнувајќи од овој четврток, од 19 до 23 часот, планинарско-спортскиот клуб „Н2О“...

АКТУЕЛНО

Испратете разгледница со мирис: Франција со поштенски марки кои мирисаат на багети

Франција во полн ек се подготвува за претстојните Олимписки игри, погрижувајќи се...

АКТУЕЛНО

„Девијантно Девојачко“ на Клелија во Бруталиск

Во склоп на Skopje Pride Weekend, Клелија, трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје која...