ГАСТРО

ПЕТОК: ПРЕДЛОГ ПОСНО МЕНИ

Појадок: Кнедли од компир

Потребни состојки:

  • 500 гр компири
  • 500 гр брашно
  • трошки од леб
  • сол

Подготовка: Сварете 1/2 кг компири со лушпите, излупете и испасирајте, посолете и замесете брашно. Добро направеното тесто развлечете го со сукало, па исечете го на квадрати и ставете го во зовриена солена вода. Кнедлите се варат кога ќе почнат да испливаат на површината. Виткајте ги во презла и послужете ги топли.

Ручек: Боранија

Потребни состојки:

  • 1 кг боранија
  • 2 глави кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 мл сок од домати
  • сол
  • магдонос

Подготовка: Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во длабока тава ставете ред боранија, па малку кромид и сечкан магдонос, па посолете по вкус. Постапката повторувајте ја се додека ги имате состојките. Истурете вода да се покрие, оставете да зоврие, па намалете ја температурата. Кога боранијата ќе омекне, прелијте ги со сок од домати и варете уште 45 минути. Водата треба целосно да испари, а сокот од домати да се впие.

Вечера: Полнети печурки

Потребни состојки:

  • 450 гр печурки
  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • 2 стапчиња целер
  • 1 пиперка
  • зачини по желба

Подготовка: Добро исчистете ги печурките, па извадете ја внатрешноста. Потоа исечете ги дршките, како и пиперката, тиквичката и целерот. Зеленчукот кратко продинстајте го, па во „капата“ истурете ги печурките. Се редат во плех и се пече во рерна на 200°C околу 10 минути.

Десерт: Мали колачи со плазма

Потребни состојки:

  • 500 g плазма на гладно
  • 220 гр кикирики
  • 250 мл млеко од соја
  • 120 гр шеќер
  • 1/2 лажичка ванилин шеќер
  • 60 гр какао
  • 150 гр маргарин
  • 1 лажица мед

Подготовка: Изблендирајте кикирики (120 гр.), а потоа измешајте ги со мелените бисквити. Во тенџере измешајте ги какаото, шеќерот и ванилиниот шеќер, па истурете го млекото. Варете додека не се згусне, а потоа додадете го маргаринот и мешајте додека не се растопи. Тргнете го од шпорет и истурете ја смесата во садот со бисквитите и кикириките. Измешајте и истурете ја смесата на хартија за печење. Свиткајте и завиткајте во хартија за печење, а потоа изладете. Се премачкува со растопен мед и се валкаат во мелени кикирики (100 гр).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш...

ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и...

ГАСТРО

Освежителна салата со лубеница

Новиот летен хит – салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење...