АКТУЕЛНО

НОВИ АВИОЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Од 1 ноември „Визер“ ќе лета до Љубљана и Штутгарт

Од 1 ноевмри нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе воведе четири нови дестинации кон кои ќе лета од скопскиот аеродром. Ќе лета до Љубљана, Луксембург, Штутгарт и Салцбург. Од 23 април пак од Скопје до аеродромот во Франкфурт ќе почне да лета авиокомпанијата „Луфтханза“.

Министерството за транспорт и врски денеска ги објави линиите кои ќе бидат субвенционирани од државата. Висината на субвенциите ќе биде 7 евра по патник во заминување од Меѓународниот аеродромот Скопје. Помошта ќе се дава во наредните три години за што од буџетот на државата ќе бидат дадени 5 милиони евра.

Визер“ ќе лета до Љубљана, Луксембург, Штутгарт и Салцбург три пати во неделата, а „Луфтханза“ до Франкфурт десет пати неделно.

Лани од скопскиот и охридскиот аеродром се превезени над 2,3 милиони патници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...