ИНФО

КОЈ ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ БЕЗ СТРУЈА: Објавен список на улици на кои ќе има работи на мрежата

Според најавите, во пет скопски општини, односно улици и булевари ќе има прекин на снабдувањето со електрична енергија. Без струја од 08:30 и 09:00 часот, па се до завршување на работите на мрежата ќе останат дел од корисниците на улицата Алжирска, во населбата Карпош, како и жителите на улица Груица Војвода бр.2 во Бутел. Електрична енергија ќе нема и главната улица во Петровец, објектите на Општината, хотел Мирор, како и домаќинствата околу наведените објекти.

Во Општина Илинден струја ќе немаат селата Мршевци, Грушино, Бујковци, Бучинци како и репетитор Мобимак Грушино и репетитор Мобимак Мршевци.

Планирани се и активности во општина Кисела Вода и тоа на дел од булеварот Борис Трајковски (кај Флет Ајрон), како и улиците Жил Верн, Балканска, Невена Георгиева Дуња и Балзакова. И улицата Тодор Чангов, односно подуличките 41,43,45,47 ќе биде електрична енергија од 08:30 до 15:30 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност....

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...