ИНФО

Градските автобуси за празниците ќе возат по неделен возен ред

Од ЈСП информираат дека жичницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот, а нема да работи во вторник (18.04.2023 год).

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје информира дека во пресрет на претстојните велигденски празници, автобусите утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во сабота (15.04.2023 год), недела (16.04.2023 год) и понеделник (17.04.2023 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15.04.2023 год), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник (18.04.2023 год). Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...