АКТУЕЛНО

ЈСП од денес со нов директор, трет по ред во мандатот на Арсовска

Од денес јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје има нов директор, трет по ред во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Крсте Петревски, кој досега директоруваше со ЈП Градски паркинг од сега ќе биде прв човек на скопскиот градски превоз на местото на досегашниот Александар Стојковски.

Ќе се снајде ли Петревски со хаосот што владее во градските автобуси, останува да се види, со оглед дека Градот веќе полни четири месеци кубури со јавниот превоз, поради недостиг на автобуси. Иако беше помпезно најавено дека Арсовска си подала рака со приватните превозници, тие се уште не се вклучени во јавниот автобуски превоз.

Со одлука на Арсовска досегашните директори на „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ Реџепи Зухејр и Саид Саид, по шест месеци в.д. функција, вчера им додели менаџерски договори со мандат од 4 години.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...