АКТУЕЛНО

Со пари на децата директорот си отвора бутка во детската болница Козле

На Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле ќе се гради бутка со државни пари. Актуелниот директор на детската болница – Козле, д-р Бесник Зеќири од буџетската сметка издвоил 50.000 евра за да направи монтажен објект за продавница за прехранбени производи.

Тој веќе и одбрал фирма од Тетово која ќе го изработи киоскот со која пред неколку дена и склучил договор во вредност од 3.068.000 денари.

Што точно ќе се продава и нуди во оваа бакалница, никој не знае. Дали ќе биде од типот на маркет или во неа ќе се подготвува и продава храна, д-р Зеќири не успеавме да го добиеме за да ни објасни. На неговиот службен телефон, женско лице само кусо ни рече дека директорот не е на работа и не може да одговори на ништо.

Вработените во Институтот креваат раменици на овој потег на директорот, зачудени што со државни пари ќе се гради продавница во нивната болница.

„Ниту се видело, ниту чуло вакво нешто. Ние кубуриме со основни медицински материјали и лекови, а имаме 50 илјади евра за мини маркет. Која е целта на сите ни е јасно, ама како некој ова го дозволува е под знак прашалник“, велат од Институтот.

Ова е прв случај, јавна здравствена установа со пари на пациентите и буџетски средства да прави продавница за храна. Дали Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле ќе го издава или има намера и да вработува лица за работа во маркетот, останува да одговори д-р Заќири кога ќе се врати на работа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...