ИНФО

ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ШАЛТЕРИТЕ НА ВОДОВОД

Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници, во петок (14.04.2023) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека пак во сабота (15.04.2023) и понеделник (17.04.2023), нема да работат. Со редовно работно време ќе продолжат во вторник, 18.04.2023.

Од јавното претпријатие повикуваат, граѓаните да ја искористат можноста дадена преку електронските сервиси, на нивната веб страна www.vodovod-skopje.com.mk.

Полесен и побрз пристап до услугите е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром и Сити Мол во Карпош.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...