АКТУЕЛНО

НЕ ОСТАНА ЧИТАВА КОРПА ЗА ЏЕБЕН ОТПАД: Кантите за ѓубре искршени, нови нема

Кантите за џебен отпад кои беа поставени низ градот во текот на 2019 и 2020 година, веќе ги нема. Речиси сите канти се искршени и уништени, па сега граѓаните мораат да го носат џебниот отпад со нив или да го фрлаат во контејнерите.

Во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов низ главните сообраќајници во Скопје и на автобуските станици беа поставени нови корпи. Тогаш од Град Скопје рекоа дека старите метални и оштетени корпи се заменети со нови корпи за џебен отпад коишто се направени од еластичен материјал, заштитени од непрописно полнење со ќеси полни со комунален отпад и не овозможуваат ѓубрето да го растураат птици и други животни.

Но, корпите издржаа само две години и сега веќе ги нема. На местата каде беа закачени висат само рамки од нив.

Нови корпи за џебен отпад година и половина откако на функција е градоначалничката Данела Арсовска не се поставени, ниту пак е најавено дека ќе се заменат оштетените.

Директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева пред еден месец на прес-конференција кажа дека претпријатието не може да купи ниту контејнери и канти оти советниците во Советот на Град Скопје не ја гласаат програмата за работа и со тоа ја блокираат работата.

„Во предлог програма која советниците не ја гласаат се предвидени дополнителни инвестиции во модерна опрема за одржување на јавната хигиена, набавка на нови контејнери кои ќе се постават на нови локации, нови специјални комунални возила поради зголемување на ефикасноста со справување со комуналниот отпад, како и дополнителни сезонски работници“, рече Мазнева.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...