ИНФО

Казнети 203 возачи, 63 за брзо возење

Од Секторот за внатрешни работи Скопје известуваат дека вчера на територијата на главниот град се изречени вкупно 203 мерки во сообраќајот.

За возење повеќе од дозволената брзина се изречени 63 санкции, 8 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се и 18 казни за непрописно престројување на возила, 5 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, со апел до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта, најавуваат од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со појава на магла

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...