АКТУЕЛНО

ПРОВЕРКА ВО ЦИВИЛ: Зошто контролорите во автобусите не носат униформи?

Од јавното сообраќајно претпријатие сметаат дека службените легитимации се доволни за нивните контролори.

Заедно со гужвите и преоптовареноста на речиси сите автобуски линии, особено во ‘шпиц’ периодите – наутро и напладне по враќање од работа и училиште, на оргомен број патници, посебна непријатност им предизвикуваат и ‘невидливите’ контролори.

Како е можно контролорите да не носат службена униформа, туку казнуваат во цивил, е едно од најчестите прашања на патниците. Одговор побаравме во јавното сообраќајно претпријатите ЈСП – Скопје, од каде велат дека легитимацијата на секој контролор, засега е добро решение за проверка во јавниот превоз.

„Контролорите (линиска контрола) не е униформирана, туку сите поседуваат службена легитимација истакната на видно место“, објаснуваат од Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.

Но, иако таквиот пристап на своевидно прикривање и заплашување може да предизвика непријатност кај дел од граѓаните кои се изненадени од појавата на контролори во цивилна облека,  некои од нив и се многу исплашени, граѓаните сметаат дека е крајно време да се воспостави ред.

„Контролата е во ред и треба да ја има. Но, лично сметам дека униформираноста ќе значи почитување на правилата за сите. Така и оние кои се обидуваат да се шверцуваат, ќе знаат дека има службено лице со став и држење кое треба да се почитува. Вака како што е во моментов, луѓето не гледаат авторитет кај контролорите, па затоа и мислам дека се сите тие расправии и физички пресметки понекогаш“, вели Е.В., корисник на јавен превоз.

Доказ за тоа дека во градските автобуси постојано има ваков тип на инциденти при проверка на карти е податокот дека не поминува ниту една седмица, а во билтените на Министерството за вантрешни работи да не биде евидентиран информација за нападнати контролори во градските автобуси. Последната е од пред неколку дена, кога во СВР Скопје било пријавено дека на 05.04.2023, С.А.(42) околу 20.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, бил нападнат додека извршувал контрола со негов колега. По претходна расправија, тој бил физички нападнат од А.Н.(55) од Скопје.

Детали за расправијата и причината за физичката пресметка, МВР не дава. Но, она што најчесто го кажуваат патниците во автобусите кои се затекнале на ваков настан е дека расправиите се за непоништена карта, немање билет за едно возење. „Шверц“ патниците во најголем процент велат дека поради гужвите не успеале да стигнат до апаратчето за поништување, не им поминала наплатата на мобилниот телефон, но секако има и такви кои свесно не плаќаат билет во автобус.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...