КУЛТУРА

Меѓународна изложба „ЕКОЛОГИЈА НА ИДЕИ“

Во рамки на интернационалниот проект „Патиштата на хероите“ поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во просториите на мултимедијалниот центар „Мала станица“ – Национална галерија на 12 април со почеток од 20 часот ќе биде поставена меѓународната изложба „Екологија на идеи“.

Изложбата „Екологија на идеи“ на партнерот од Италија, „Ла Драматурџи“ под кураторство на режисерот и драматург Џан Марија Черво е идејно концпирана во три изложбени простории тематски поврзани, но концептуално различни. Имено, изложбата е комбинација од различни пристапи со цел да се обрати на различна публика и да ја искомуницира  еколошката криза со која се соочува современиот свет.

Изложбата ги опфаќа темите на општествена апатија и отсуство на дела, но нуди и решенија за основните прашања како: Дали треба да ја видиме бојата на воздухот што го дишеме за да дејствуваме? Како се поаѓа од чувството на бесполезност? Како дејствуваме како поединци, а како дејствува заедницата? Што значи политичка, општествена и емоционална криза? Кои се првите чекори како уметници?

„Екологија на идеи“ е патувачка поставка, која од Скопје ќе патува за Италија, а проектот го завршува во Атина, Грција. Во својата основа проектот се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се работи за комплексен проект со времетраење од две и пол години. Покрај Македонскиот народен театар како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации од кои една од земјава (Издавачка куќа Гаврош) и пет од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...