ИНФО

КАРПОШ: Велигденски пакети за социјално ранливите семејства

Во пресрет на Велигденските празници во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош, се одржа триесеттата по ред хуманитарна акција, за помош на жителите од локалната самоуправа кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.

Кон оваа традиционална иницијатива се приклучија вработените од oпштината, децата, воспитниот и наставниот кадар од градинките и училиштата на територија на Карпош кои донираа прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена, кои ќе бидат добредојдени во социјално загрозените семејства.

Од собраните донации беа направени 115 хуманитарни пакети, кои денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги подели на граѓаните од оваа ранлива категорија.

„Во оваа пригода би сакал да ви го честитам претстојниот христијански празник Велигден и воедно ви посакувам многу здравје и успех. Инаку, оваа акција ја практикуваме двапати во годината, во пресрет на Божиќните и Велигденските празници. Покрај тоа што Општината ќе биде секогаш тука за вас, искрено се надевам дека ситуацијата во која се наоѓате ќе биде од времен карактер“, посочи Јакимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...