Kлупска изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ ќе биде поставена денеска во Рудиќ Галерија.
„ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клупска изложба ги најавува идните активности на клубот кои ќе бидат претставени во периодот што следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата.
Изложбата ќе биде отворена во 19:30 часот, а како што најавија организаторите на социјалните мрежи еден среќен посетител ќе биде награден со една од изложените фотографии.
На изложбата ќе бидат изложени фотографии на македонските автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.
Leave a comment