СКОПСКИ ВЕСТИ

ЧУВАЛЕ ЗАЛИХИ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК: 20 фирми ќе бидат казнети и до 10.000 евра

Вкупно 20 фирми се проверени во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10.000 евра.

Двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре.

Надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и најавуваат дека проверката ќе продолжи и утре.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Гази Баба првпат оваа година доделува субвенции за сончеви колектори

Општина Гази Баба оваа година за прв пат објави јавен повик за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Оштетени игралишта во Капиштец, Герасимовски со апел да не се вандализира јавното добро

Сите игралишта што беа реконструирани пред неколку месеци се вандализирани. Последен е...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Заврши реконструкцијата на детската градинка „Калинка“ во Аеродром

Заврши целосната реконструкција на внатрешноста на објектот „Калинка“ во општина Аеродром. Сега...