АКТУЕЛНО

УЛИЦАТА КОЈА ВОДИ КОН ГРОБИШТАТА ВО ЃОРЧЕ Е КРШ: Дупки и прокопи на сите страни

Улицата Црногорска која води кон гробиштата во Ѓорче Петров е во ужасна состојба. Асфалтот е стар и оштетен, дупки и прокопи има на сите страни. Граѓаните мора да возат цик-цак за да ги избегнуваат дупките, но и тоа е тешко бидејќи нив ги има на секој чекор.

„Колите ги искршивме. Оваа улица е доста прометна особено што е единствена за да се стигне до гробиштата, а со години на никого не му текнува да ја реконструира. Нема ниту пешачки патеки, луѓето кои пеш одат на гробишта се движат по коловозот. Нема ниту соодветна сигнализација. Само дупки, кои од ден на ден стануваат поголеми“, велат жителите од Ѓорче Петров.

Иако улицата е во катастрофална состајба ни Општина Ѓорче Петров ја реконструира, ниту пак Град Скопје преку договор за меѓуопштинска соработка има план да интервенира на овој потег.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...