КУЛТУРА

Реакција од Здружението на џез музичари за неоснованите тврдења од страна на Филхармонија

Врз основа на реакцијата од страна на Филхармонија по донесување владина одлука за да се смести џез оркестарот во зградата на Филхармонија, од Здружението за џез музичари добивме соопштение со кое тие објаснуваат дека таа реакција е неоснована.

„Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа.  За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани“,  велат од Здружението за џез музичари.

Понатаму тие објаснуваат дека колегите од Филхармонија имаат погрешна претстава за нивното евентуално работење во зградата на Филхармонија со тоа што мислат дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари наспроти фактот дека секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17-20 членови.

„Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи.

Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма“ изјавија од ЗЏМ.

Оваа реакција ја даваат со цел да се смират страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работат веќе долг временски период и со кои сакаат да продолжат да соработуваат и во иднина.

„Очекуваме министерството за култура да продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нашата официјална концертна дејност“ – потенцираат џезистите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...