КУЛТУРА

ПРОТЕСТ НА МАД И ИКОМОС: Измените во Законот за заштита на културното наследство се всушност „профитерска зделка од огромни размери“

„Не смеете да дозволите надзорен инженер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство“.

Со овие зборови денеска протестираа претставници од Македонското археолошко друштво (МАД) и Икомос Македонија пред Собранието. Тие упатија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културно наследство, со цел да спречат катастрофални последици.

Со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон, се предлага во членот 65 по ставот 2 да се додаде нов став 3, кој би овозможил, доколку за време на вршење на градежни работи за проекти од државно значење биде пронајдено археолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење,изведувачот на работите за тоа случајно откритие да го извести надзорниот инжињер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.

Од ИКОМОС Македонија за време на денешниот собир изјавија дека со ваквата предложена измена  и дополнување на овој член од Законот за заштита на културното наследство, се овозможува исклучување и дерогирање на компетентните стручни и надлежни инстанци за заштита на културното наследство, односно на институциите од системот за заштита кои се специјализиран, квалификувани и одговорни да преземат мерки за зашптита на културното наследство.
„ Во нивна ‘замена’, како досега нечуен преседан, се предвидува овие надлежности да му бидат доверени на надзорен инженер, кој ја нема потребната стручност ни знаење да идентификува дали се работи за случајни откритија кои претставуваат археолошки наоди ниту да постапува на стручен начин со истите, ниту да примени соодветни стандарди за нивна заштита“, изјавија оттаму.
Овој предлог закон е спротивен на сите меѓународни конвенции за заштита на културното наследство, вклучително и на Ревидираната Европска конвенција за археолошкото наследство на Советот на Европа од Ла Велета, ратификувана од нашата земја во 2005 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...