ГАСТРО

ПОНЕДЕЛНИК: Предлог посни јадења

На последната недела пред големиот христијански празник Велигден, од денес па во наредните денови ќе ви предлагаме комплетно дневно посно мени. 

РУЧЕК: ПИПЕРКИ ВО ТАВА

Потребни состојки:

  • 7 мали пиперки
  • 5 големи компири
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажица сушен магдонос
  • 100 мл масло
  • 1 домат

Подготовка: Исечкајте го кромидот. Загрејте половина од маслото, па додадете го кромидот, кратко пропржете, па прелијте со чаша вода и динствувајте додека да испари водата. Во меѓувреме излупете ги компирите и изрендајте ги на покрупната страна. Додадете го компирот во кромидот и кусо на средна температура, се заедно пропржете. Потоа, додадете ги сувите зачини и остатокот од маслото. Гответе сè заедно околу десет минути. Со филот полнете ги пиперките на кои претходно сте им ги извадиле рачките и сте ги исчистиле од семето. Редете во подмачкано тавче во рерна, претходно загреана на 200 степени. Преостанатиот фил распоредете го околу пиперките, а врз нив ставете го доматот исечен на кругови. Ставете на дното малку вода. Покријте сè со алуминиумска фолија и печете 30 минути, потоа преврете ги пиперките од другата страна и печете уште половина час.

ВЕЧЕРА: ПОСНИ СОЛЕНИ МАФИНИ СО СЕМКИ

Потребни состојки: 

  • 230 гр брашно
  • 200 мл растително млеко (соја, бадем или друго)
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 прашок за печиво
  • 10 мл свежо исцеден сок од лимон
  • 1  црвена пиперка
  • 1 лажичка доматно пире
  • 1 врзоп млад кромид
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици сурови семки од тиква
  • 2 лажици семки од сончоглед
  • -1-2 лажици афион,
  • Маргарин за подмачкување на калапот

Подготовка: Црвената пиперка исечкајте ја на ситни коцки, а потоа ситно исечкајте го и зелениот дел од младиот кромид. Во сад измешајте го растителното млеко со маслиновото масло, сокот од лимон и солта. Потоа додадете го просеаното брашно и прашокот за печиво. Додавајте пополека за да добиете хомогена смеса. Ако конзистентноста е густа, додадете малку вода или повеќе растително млеко. Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел измешајте ја исечканата пиперка и доматното пире, а во другиот младиот кромид и зачините.Со маргарин премачкајте ги силиконските калапи за мафини. Во секој калап истурете по една лажица зелена и црвена смеса, наизменично, но не до самиот врв (3/4 од калапот). На крајот наросете со семките од тиква, сончоглед и афион.  Печете 30 минути на 165 °C во загреана рерна.

ДЕСЕРТ: МЕДЕНО СРЦЕ 

Потребни состојки:

2,5 чаши брашно

1 лажица какао

1 кесичка прашок за печиво

1 кесичка цимет од 10гр или по желба

1,5 чаши газирана вода / растително млеко

1/2 чаша масло

1 чаша шеќер

10 + 8 лажици џем од кајсии

100 + 100 гр посно чоколадо

30-50 мл масло

Подготовка: Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во сад просејте ги брашното, какаото и прашокот за печиво. Во друг сад измешајте ја киселата вода, шеќерот и џемот и измешајте така што шеќерот и џемот да се соединат со водата и да почнат да се раствораат. Во друг сад додадете ги сувите состојки и измешајте. На крајот додадете масло и соединете. Половина од смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење, со димензии 33 x 23 цm и печете 12 минути, можеби минута подолго или пократко во зависност од вашата рерна. За тоа време измешајте 8 лажици помек џем и 100гр рендано чоколадо. Ако џемот е тврд, загрејте го или додадете неколку лажици топла вода, измешајте и потоа додадете. Извадете го плехот од рерна и премачкајте го десертот со смесата од џем и чоколадо. Потоа прелијте ја преостанатата смеса за колачот насекаде по колачот. Вратете ја тортата повторно да се пече. Печете уште 30 минути. Испечениот колач прелијте го со чоколадо (100гр чоколадо и 30-50мл масло зависи дали сакате глазурата да се стегне или да остане помека).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш...

ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и...

ГАСТРО

Освежителна салата со лубеница

Новиот летен хит – салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење...