Бисквитите пред спиење сигурно можат да го забават напредокот на диетата, но доколку усвоите некои здрави навики тие можат да имаат спротивен и силен ефект.
„Ако се држите до здрава рутина, си оставате помалку време за грешки“, вели Мајк Бол, нутриционист и личен тренер.
Вечерните навики кои ќе ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми спаѓаат во две категории: навики кои ќе влијаат на тоа како вашето тело ги обработува работите додека спиете и оние кои ќе ви помогнат добро да се одморите и да имате повеќе енергија наутро.
Д-р Бол издвојува пет навики кои треба да се негуваат пред спиење за што побрзо и полесно да ослабете:
- Прво, не јадете доцна
Секогаш кога јадете, вашето тело ќе ги обработува калориите на ист начин. Но, кога јадете навечер, има многу поголеми шанси да јадете премногу храна, и онаа храна која не е здрава. Досадата често е причина за претерување во вечерните часови. Д-р Бол наведува дека со избегнување на доцните оброци нема да внесете во организмот калории кои не ви се потребни доколку сте на диета. Ако треба да јадете нешто пред спиење, направете го тоа храна богата со протеини, како што е урда.
- Вежбајте – но во вистинско време
Ако одите на тренинг доцна навечер, можеби ќе ви биде малку потешко да заспиете бидејќи вашето тело продолжува да согорува калории после тренинг. „Ако го изберете вистинското време за тренинг, тоа може да биде наутро или попладне, калориите ќе се трошат дури и додека спиете“, наведува Бол.
- Не пијте алкохол пред спиење
Ако сте се обиделе, а веруваме дека сте се обиделе да заспиете по неколку чаши алкохол, не мора да ви објаснуваме колку е тешко да заспиете, а ако заспиете, веројатно ќе се разбудите за време на ноќта. „Покрај овој проблем, внесувате вишок калории кои не ви се потребни. Значи, два проблеми ќе се појават ако консумирате алкохол пред спиење, па затоа претпочитате да го замените со топол чај“.
- Разладете ја просторијата и забрзајте го слабеењето
„Некои студии откриваат дека температурата во просторијата во која спиете може да влијае на тоа како телото ќе ги обработува мастите, па се чини дека спиењето во ладна соба ќе има ефект и на побрзо губење на тежината“, наведува Бол.
Дополнително, постудениот воздух во просторијата сигурно ќе промовира добар сон, а според Националната фондација за спиење, спиењето во ладна средина е еден од најважните фактори за добар сон. Температурата од околу 18 степени Целзиусови се смета за идеална.
- Држете се до распоредот и опуштете се
Кога велиме распоред, не мислиме само на оној на работа, истото важи и за рутината на спиење и будење. „Ако одите во кревет секој ден во исто време, тоа е одличен начин да го воспоставите вашиот внатрешен часовник и да се будите одморени секое утро“, објаснува д-р Бол. Исто така, важно е да ги смирите мислите и да се ослободите од напнатоста предизвикана од стресот пред спиење. Без разлика дали се работи за шолја чај од камилица или топла купка со миризливи соли – пред спиење ослободете се од сите мисли кои ве мачеле во текот на денот за полесно да заспиете.
Leave a comment