АКТУЕЛНО

ПАК ПРОПАДНА ОГЛАСОТ ЗА ПРИВАТНИ АВТОБУСИ: Арсовска не кажува зошто

Пред еден месец од Град Скопје соопштија дека се договориле со приватниците и дека тие кон почетокот на април ќе бидат на улиците. Но, и од ова ветување ништо, приватниците ги нема, а јавниот превоз е во колапс.

Пак пропадна огласот на Град Скопје за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. Денеска на веб страната на Град Скопје објавен е нов, четврти по ред оглас кој е идентичен како претходниот.

Од Град Скопје не испратија соопштение да објаснат зошо е пропаднат огласот и зошто повторно е објавен нов. Ниту од кабинетот на Арсовска не се јавуваа на нашите повици да дадат објаснување со оглед на тоа дека граѓаните 4 месец се без редовен јавен превоз.

Огласот е за 16 линии односно за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребно е да има 115 автобуси и 245 возачи. Рокот за аплицирање е до 24 април.

Приватните превозници престанаа да возат и јавниот превоз е во колапс од декември лани. Проблемот настана бидејќи ЈСП „Скопје“ со месеци не им исплаќаше пари, а Арсовска не им го признаваше долгот од 1,5 милиони евра.

Градоначалничката три месеци не ги примаше на средба приватниците и не признаваше дека има проблем со јавниот превоз. Велеше дека автобуси на улиците има доволно, дека ЈСП „Скопје“ ги заменува овие линии иако граѓаните со саати чекаат на станиците, а кога ќе дојде автобус тој е преполн.

Пред еден месец од Град Скопје соопштија дека се договориле со приватниците и дека тие кон почетокот на април ќе бидат на улиците. Но, и од ова ветување ништо, приватниците ги нема, а јавниот превоз е во колапс.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...