ИНФО

Бутел ќе дели пари на спортисти и спортски клубови

Општина Бутел денес објави јавен повик за доделување финансиска помош за спортисти и спортски клубови. Можноста за аплицирање ќе трае до 31 мај годинава.

Предвидено е на спортските клубови да им се доделат финансиски средства максимум до 50% од предвидениот буџет во Програмата за работа на спортските клубови, но не повеќе од 400.000 денари.

Спортските клубови кои можат да аплицираат мора да исполнуваат следните критериуми:

– да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за спорт;

– седиштето на клубот на територија на Општина Бутел

– да имаат Решение за вршење дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт;

– да не им е изречена мерка забрана за вршење дејност;

– да имаат Програма за работа на клубот за 2023 година.

Заинтересираните спортски клубови потребно е да ги достават следниве документи:

– Пријава/Барање од спортскиот клуб;

– Доказ за регистрација (оргинал или копија од Решение издадено од Централен регистар);

– Решение за вршење на дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт (копија или оргинал);

– Потврда од Централен регистар дека не е изречена мерка забрана за вршење дејност;

– Тековна дејност;

– Годишна програма за работа на клубот;

Барањата со комплетна документација се доставуваат во затворен плик во општината – Комисија за спроведување на постапка за доделување на финансиски средства, ул. Бутелска бр.4 со назнака „Не отворај“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...