КУЛТУРА

ВО НОБ: ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ТАНЕЦ

Утре, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот ќе се одржи Велигденскиот концерт на ТАНЕЦ.
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и годинава ја започнува концертната сезона со традиционален Велигденски концерт. Овој пат, настанот носи една посебност, а тоа е програмата посветена на музичките партитури од кореографскиот опус на прерано починатиот првенец на „Танец“, Милан Завков. На репертоарот ќе бидат кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои маестро Завков ги создаде заедно со својот долгогодишен колега од „Танец“, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, заедничка творба на маестро Завков со кореографот Дојчин (Стојче) Каранфилов. Секако, на концертот ќе бидат изведени и повеќе вокално-инструментални точки, што заедно со кореографиите соодветно ќе не потсетат на повеќегодишниот придонес на нашиот колега Завков, во музичкиот репертоарен растеж на ансамблот Танец, од позиција на автор, аранжер, инструменталист и долгогодишен раководител на оркестарот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...