РИТАМ НА ГРАДОТ

ПРВ ДЕТСКИ САЕМ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Кид експо е прв детски саем кај нас кој ќе се одржи викендов на 8ми и 9ти април, сабота и недела во хотел Александар Палас со почеток од 10:00 до 19:00 часот.

Идејата на организаторите е да понудат поинакво искуство за целото семејство и да излезат малку од рамките на класичен саем на којшто сите се навикнати. „Ваков тип на саем досега се нема случено кај нас, што ни претставува уште поголем предизвик за реализација. Под еден покрив ќе понудиме изложувачи кои се внимателно одбрани и кои имаат одлични и квалитетни производи за децата, од едукација и игри, облека и додатоци, играчки, опрема и мебел, здравје и козметика, храна и пијалоци. Покрај изложбено-продажните штандови, на Кид Експо организираме и Ринг со креативни и спортски работилници, концерти и претстави на Големата сцена, едукативни и интересни предавања за родителите и децата. Она што дополнотелно самиот настан го прави поинтересен е што дел од изложувачите на производи или услуги на самите штандови ќе имаат интерактивно претставување што дополнително ќе ги направи среќни и задоволни дечњата“ – велат организаторите.

За сите оние што сакаат да учествуваат на работилниците треба да знаат дека тие ќе бидат со претходна пријава и ограничен број на деца се со цел ефикасни и ефективни работилници. Пријавувањето ќе биде овозможено преку веб страната www.kidexpo.mk, неколку дена пред настанот.

Картите може да се купат онлајн и чинат 200 денари, додека оние кои ќе сакаат да купат на врата картата ќе чини 250 денари. За деца под 2 години, влезот е бесплатен. Во цената се вклучени сите работилници, спортски активности, предавања, концерти и забава. Посетителите ќе можат директно да купат производи од изложувачите или пак да си го резервираат производот, во зависнот од приципот на работа на самиот изложувач.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....