Министерството за внатрешни работи информира дека на 09.04.2023 (недела), со почеток во 10:00 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како “Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Трката ќе се одвива по следната траса – од булеварот „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со булевар „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.“Илинден“ до целта кај фонтана Лотус.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Leave a comment