Денес, со почеток во 11:00 часот во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи детска ликовна работилница.
Секој учесник на работилницата ќе добие боенка, а дружењето ќе биде со музика, игри и креативно боење, информираат од скопската Зоолошка.
Зоолошката градина Скопје продолжува со низата едукативни работилници, настани и други содржини, а во исто време како општествено одговорна компанија додели влезници за настанот на Центарот за згрижувачки семејства, велат надлежните.
Leave a comment